Вежба на МВР во Грачани, апел до граѓаните да ги почитуваат насоките на полицајците

Министерството за внатрешни работи извести дека утре (10.06.2026), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани, скопско, ќе се спроведе симулациска вежба.

За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што е можно зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон.

„Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат насоките на службените лица“, велат од МВР.

Scroll to Top