(Видео) СДСМ: Брисел бара измени на Законот за Судски совет

Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. Тој оцени дека ова е уште една потврда дека власта погрешно го претставувала законот како доказ за реформски напредок.

„Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. А владата со месеци го претставуваше Законот како доказ за наводен реформски напредок“, рече Димитријевиќ.

Тој посочи дека СДСМ уште при донесувањето на законот предупредувал дека не се почитувани во целост препораките на Оценската мисија и на Венецијанската комисија.

Од СДСМ тврдат дека наместо реформи, во правосудството се случува партизација и политичко влијание врз институциите. Како примери ги наведоа изборот на судии и обвинители, како и постапувањето по одредени предмети и кривични пријави.

Димитријевиќ порача дека СДСМ ќе се залага за нов Антикорупциски закон, целосна дигитализација на системот, соработка со Европското обвинителство и поголема заштита на укажувачите на корупција.

„Граѓаните заслужуваат вистински реформи“, истакна Димитријевиќ.

Scroll to Top