Тинејџери со тешки повреди во сообраќајки на „Партизанска“ и во Чаир – едниот велосипедист, другиот возел мотор

Скопје викендов беше сведок на две сообраќајни несреќи во кои тешко повредени завршија малолетници.

Првиот инцидент се случил на 13 септември околу 14 часот на крстосницата меѓу булевар „Партизански Одреди“, улица „Лондонска“ и улица „Манапо“. Во судар меѓу автомобил „БМВ“, управуван од 48-годишниот Ј.Ј. од Скопје, и велосипед управуван од 14-годишно момче, тешки телесни повреди добил велосипедистот. Тој бил пренесен во приватна болница во Скопје, каде биле констатирани повредите.

Само еден ден претходно, на 12 септември околу 19:50 часот,  несреќа се случила на крстосницата меѓу улиците „Џон Кенеди“, „Серава“ и „Ферид Захири“. Таму се судриле мотоцикл управуван од 16-годишник од Арачиново и автомобил „Ауди“, управуван од 41-годишниот Х.А. од Скопје. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во двата случаи увид извршиле екипи од СВР Скопје.

Scroll to Top