Ѕвездата на НФЛ, Травис Келси, во интервју за „Фокс“ откри дека пуштил неколку солзи за време на просидбата на пејачката Тејлор Свифт.
„Јас сум емотивен човек, па имаше и солзи, но тоа беше неверојатно патување и со нетрпение го чекам остатокот од животот со неа“, изјави Келси.
Тој додаде дека Свифт му донела „возбудување и радост во животот“ и дека благодарение на неа станал подобар човек.
Тејлор и Травис се заедно од 2023 година, а романтичната веридба беше организирана во градина со цветни аранжмани, каде беа направени и првите официјални фотографии на парот.