Италијанскиот Суперкуп во декември во Ријад

Италијанскиот Суперкуп ќе се одржи од 18 до 22 декември во Ријад, објавија официјалните лица на италијанската Серија А.

Од 2023 година, италијанскиот Суперкуп го играат четири клуба: актуелниот шампион и вицешампион на Серија А, како и победникот и финалистот на италијанскиот Куп.

Оваа година, Наполи (шампион на Италија), Интер (вицешампион), Болоња (победник на италијанскиот Куп) и Милан (финалист на италијанскиот Куп) ќе учествуваат во Суперкупот.

Последните четири изданија на италијанскиот Суперкуп ги освоија клубовите од Милано. Интер го освои трофејот во периодот од 2021 до 2023 година, додека минатата сезона титулата му припадна на Милан.

Наполи и Милан ќе се сретнат во првото полуфинале на италијанскиот Суперкуп на 18 декември, додека натпреварот помеѓу Болоња и Интер е на програмата еден ден подоцна.

Финалето е закажано за 22 декември.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top