Британскиот премиер Кир Стармер се најде на удар на критики поради како што се оценува погрешните потези што водат до слабеење на меѓународното влијание на Лондон во Обединетите нации. Весникот „Дејли експрес“ ги објави наодите на Меѓупартискиот комитет за надворешни работи, во кои се предупредува дека сегашната влада несвесно им прави услуга на Русија и Кина.
„Владата на Сер Кир Стармер е предупредена дека Велика Британија им дава „подарок на Кина и Русија“ со ослабување на влијанието на земјата во Обединетите нации“, се истакнува во извештајот што го цитира овој британски дневен весник.
Комитетот предупредува дека недоследноста во надворешната политика, како и обидите да се задоволат одредени меѓународни актери, можат трајно да ја намалат дипломатската сила на Велика Британија. Ваквите случувања, се додава, директно им користат на Москва и Пекинг, кои со години се обидуваат да ги зајакнат своите позиции во глобалните институции.
Според анализата, ваквите чекори можат да имаат далекусежни последици врз способноста на Велика Британија да влијае врз одлуките на Советот за безбедност и другите тела на ОН, во кои интересите на Западот и евроазиските сили се повеќе се судираат.
Фото: принтскрин