(Видео) Зеленски: Подготвен сум да се сретнам со Путин речиси каде било, но не во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија разговори на лидерско ниво, вклучително и во Казахстан, објави „Фокс њуз“.

Во интервју за „Фокс њуз“, украинскиот претседател рече дека е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи рускиот претседател.

„И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и другите лидери, и претседателот на Турција, сите понудивме да се сретнеме во Турција, Саудиска Арабија, Катар, во Европа, во неутрални земји како Австрија или Швајцарија. Рековме: „Дури и ако сакате некаде како Казахстан. Ние сме подготвени“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега му верува повеќе отколку на Путин, откако Трамп рече дека рускиот лидер „го изневери“.

Трамп, исто така, рече дека Украина, со поддршка на Европската Унија, може да ја добие војната и да ја врати целата окупирана територија.

фото: принтскрин

Scroll to Top