Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој се кандидира за нов мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека е започната изградба на нов мост во Радишани со што се решава децениско барање на граѓаните.
„Постоечкиот мост изграден со импровизиран конструктивен систем од челична конструкција заминува во историја. Градиме нов мост во должина од 12,5 метри. Ширината на мостот од 5 метри ќе овозможи сообраќајот да се одвива во двете насоки истовремено. Ветувањата се реализираат“, објави Костовски.






