Меџити: Во чаршија, меѓу граѓаните, нашата сила доаѓа од народот

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска прошета низ Старата скопска чаршија и се сретна со граѓаните, како што вели, во срцето на историскиот дел од Скопје.

„Секое поздравување, секое стегање рака, ме потсетува дека нашата сила доаѓа од луѓето, од нивната доверба и од нашата посветеност за чесно владеење“, изјави Меџити по средбите.

Тој ја нагласи важноста на секојдневното присуство меѓу граѓаните, слушајќи ги нивните грижи и надежи, како дел од неговата заложба за праведно и транспарентно управување со Чаир.

Scroll to Top