Деветнаесет лица се мртви или исчезнати откако силна експлозија уништи зграда во објект за експлозиви во Тенеси во петокот. Детонацијата ги потресе блиските домови и предизвика серија помали експлозии, потврдија локалните власти, објави Си-ен-ен.
Експлозијата се случила околу 7:45 часот наутро по локално време, а шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, ја опиша како „разорна“ на прес-конференција. Тој додаде дека службите за итни случаи ја обезбедиле пошироката област на несреќата доцна претпладне.
On Friday, October 10, an explosion was reported at a Tennessee explosives manufacturer in Hickman County.
The explosion took place at the Accurate Energetic Systems in the Bucksnort area. pic.twitter.com/B7MA2VJgyR
— NewsChannel 5 (@NC5) October 10, 2025
„Во овој момент имаме неколку лица кои се водат како исчезнати“, рече Дејвис. „Можеме да потврдиме дека имаме некои кои загинале“, додаде тој, а Би-би-си објави дека најмалку деветнаесет лица се водат како исчезнати.
Објектот, во сопственост на Accurate Energetic Systems, LLC, се наоѓа на границата на окрузите Хикман и Хамфрис, околу еден час возење југозападно од Нешвил, соопшти канцеларијата на шерифот.
Голем број служби за итни случаи се на местото на настанот, проценувајќи ја штетата и гасејќи го пожарот. Поради ризикот од секундарни експлозии, спасувачите моментално се на безбедно растојание од епицентарот.







