Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, најави проект за бесплатни прегледи за остеопороза во соработка со приватната болница „Аџибадем Систина“.
Тој истакна дека по неговото доаѓање на градоначалничката функција, по 10 жени постари од 50 години месечно ќе добиваат бесплатен преглед за остеопороза, што ќе биде дел од поширока иницијатива за превентивна здравствена заштита.
Лукровски додаде дека целта е „општината да биде сервис за уште подобри услови за работа во здравствените установи, како пред сè за пациентите така и за вработените“.
„Со моето доаѓање во општината дојдов со предлог да отпочнеме со превентива кај популацијата на жени над 50 годишна возраст и договоривме пакет или ветување дека месечно по 10 жени односно 120 годишно, и ако тоа го преточиме во еден, нели, градоначалнички мандат, 480 жени, госпоѓи ќе добијат преглед во делот на борба против остеопорозата преку Декса скен, мислење и понатамошен третман,“ изјави Лукровски.
Тој се заблагодари на менаџментот и лекарскиот тим на болницата и додаде дека веќе разговарале и за други можности со кои општината може да помогне на граѓаните.







