Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на својата војска да започне итни напади во Газа, објавија медиумите.
Ова доаѓа откако израелските власти објавија дека останките што Хамас ги врати синоќа му припаѓаат на заложник кој веќе бил погребан во Израел, а не на еден од 13-те починати заложници кои сè уште се во Газа.
Во соопштението од кабинетот на премиерот се вели: „По безбедносните консултации, премиерот Нетанјаху му нареди на воениот ешалон веднаш да започне силен удар во Појасот Газа.“
Објавата на Нетанјаху дојде кратко откако Израел соопшти дека Хамас отворил оган врз израелските сили во јужна Газа. „Израелските сили беа нападнати денес во градот Рафа и возвратија на оган“, изјави израелски воен претставник, пренесуваат медиумите во регионот.
Фото: принтскрин







