Грција ќе почне доброволно да прима жени во вооружените сили

Грција од почетокот на следната година ќе овозможи доброволно приклучување на жени во вооружените сили, соопшти Министерството за одбрана. Обуката ќе трае од шест до 14 месеци и засега ќе се спроведува само во копнените сили.

Според министерот за одбрана Никос Дендиас, целта е да се промени културата во армијата и да се обучат жени кои, доколку е потребно, ќе служат заедно со мажи. Ќе бидат формирани и посебни женски единици со 100 до 150 припаднички.

Жените кои доброволно ќе се приклучат ќе имаат можност подоцна да добијат постојани работни места во полицијата и противпожарната служба. Неколку универзитети најавија дека ќе покриваат половина од школарината на студентките што ќе се пријават за воена обука.

Во моментов, жените сочинуваат околу 17 проценти од грчките вооружени сили, најчесто во административни должности. Грчките власти очекуваат голем интерес за новата програма.

Scroll to Top