Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година.
Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година.
Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година.
Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот и Суперкупот на Франција, Суперкупот на Европа со Пари Сен Жермен, а играше и во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, каде што Парижаните неочекувано беа поразени од Челзи.
Во вкупно 61 натпревар, тој постигна 16 гола и забележа исто толку асистенции. Тој ја доби и наградата за MВП за најдобар играч на финалето на Лигата на шампионите.
Дуе е четвртиот Французин кој ја освоил оваа награда, прв по Килијан Мбапе во 2017 година. Претходно лауреати беа Пол Погба во 2013 година и Антони Марсијал во 2015 година.







