Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Денес, Јапонија беше погодена од силен земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала, според податоците од Геолошкиот завод на САД.

Земјотресот, на длабочина од 11,2 километри, го погоди Јамада, крај брегот на источната префектура Ивате, околу 16:23 часот по локално време.

Според податоците од Јапонската метеоролошка агенција, земјотресот бил со јачина од три степени според јапонската сеизмичка скала од седум.

Нема извештаи за предупредување за цунами или материјална штета.

Еден ден претходно, земјотрес со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Ивате на длабочина од 10 километри.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами, кое подоцна беше укинато.

Фото: принтскрин

Scroll to Top