СЕПТАНАЗАЛ – БРЗО ГО ОДЗАТНУВА И ЛЕКУВА ДЕТСКИОТ НОС

 

Носот е првата одбранбена линија на респираторниот систем. Кога сте настинати, носната слузница се суши, со што нејзината одбранбена способност слабее. Ова значајно го зголемува ризикот за инфекциіа, затоа што здравиот нос може да помине во затнат за само 2-3 дена, што резултира со отежнато дишенье, губење на осетот за мирис и немирен сон.

Овие проблеми се јавуваат 2-5 пати годишно кај возрасните и многу почесто кај децата, најмалку 7-10 пати годишно и претставуваат најчеста причина за отсуство на децата од градинка или училиште.

Носот на децата е поинаков од носот на возрасните.

Toj e помал и има пократки дишни патишта и поради тоа му е потребна посебна нега.

Самата анатомија на носот на детето е различна во споредба со носот на возрасните. Евстахиевата туба е цевката која го поврзува назофаринксот со средното уво. Кај децата и бебињата таа е пократка и похоризонтална, што може да доведе до побрзо блокирање и појава на инфекција на средното уво. Токму поради специфичните анатомски карактеристики на носот кај децата потребна е посебна нега и хигиена.

Малите деца сѐ уште не знаат сами да си го издуваат носето и поради тоа секретот треба да се омекне и испере. Децата може да се почувствуваат непријатно во текот на овој процес, па затоа количината на растворот мора да се прилагоди.

Кога детето има затнат или растечен нос или кога неговиот нос заздравува од терапија, му треба нешто што делува брзо, но не jа оштетува носната слузница.

Што можеме на направиме?

Се препорачува употреба на спреј за нос кој покрај тоа што ќе помогне во одзатнување

на носот ќе овозможи и лекување на носната слузница!

Спрејот за нос СептаНазал содржи две активни состојки кои го овозможуваат тој двоен ефект.

Комбинацијата на ксилометазолин и декспантенол делува на овој начин:

  1. ксилометазолин

ги стеснува крвните садови на носната слузница што доведува до намалување на отокот во носот. Последица од овој ефект е намалување на чувството на затнат нос и подобра елиминација на секретот.

  1. декспантенол

е алкохолен дериват на пантотенската киселина (витамин В5), со истата биорасположивост како и пантотенската киселина. Декспантенол се користи во лосиони за раце и креми за бебиња поради своите природни навлажнувачки и благотворни својства, кои исто така го помагаат процесот на лекување.

Оваа супстанција ja има и во одредени спрејови за нос, каде што го има истиот механизам на дејство: jа навлажнува, обновува и штити носната слузница, го намалува воспалението и иритацијата и ја лекува носната слузница.

Scroll to Top