(Фото) Ги покажа своите неверојатни нозе во мини фустанче: кој би помислил дека има 56 години?

Холивудската ѕвезда Кетрин Зета-Џонс се појави во неверојатно издание на настан организиран за хит серијата „Wednesday“ во која ја игра Мортиша Адамс, и навистина е тешко да се поверува дека има 56 години.

Нејзиното провокативно издание привлече големо внимание, а како да не биде така кога се појави во чипкана кратка облека која ја истакнуваше нејзината зачудувачка, витка фигура во нејзините 50-ти години.

Кетрин носеше фустан со долги ракави кои паѓаат преку дланките и се шират, а акцентот всушност беше ставен на нејзините неверојатно тенки, затегнати нозе.

Фустанот е направен од проѕирна чипка и има подлога под која се гледа само мал дел од голата кожа, што јасно покажува дека не го следи трендот „гол фустан“.

Интересен детаљ е наборот што ја „собира“ плисираната ткаенина на дното, а актерката го комбинираше ова смело парче со црни чорапи и црни чевли со високи потпетици.

Таа носеше шминка со акцент на очите, а во преден план дојде нејзината долга, малку виткана коса со густи кафеави прамени, која паѓаше преку рамената и совршено се вклопуваше со оваа облека.

фото: принтскрин

Scroll to Top