Вчера на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д. (72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г. (66), исто така од Радовиш.
Возачот го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се вратил, соопшти МВР.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Радовиш.
Полицијата ги презема сите мерки за целосно расчистување на случајот.







