Познатиот актер Адам Сандлер (59) со години ужива популарност кај поголемиот дел од публиката, а сега поради промоцијата на неговиот нов филм, тој е поприсутен и во медиумите.
Во едно интервју, тој зборуваше, донекаде хумористично, за тоа како се справува со сите свои обврски, но и за фактот дека сега повеќе од кога било мора да носи свечени костуми. Адам е исто така еден од ретките актери кои ја задржале својата скромност, па многумина го нарекуваат „најскромниот милионер“.
Сандлер е познат по своите лежерни модни изданија, широки фармерки и маички, а сега сепак мораше да позира во нешто поформални изданија.
Во интервју за Entertainment Tonight, Сандлер се пожали како се чувствувал ужасно.
„Беше ужасно, не ми се допаѓа тоа чувство. Не можам да поднесам панталони, сакоа и глупави кошули. Ги мразам“, рече тој.
Дури и комплиментите од обожавателите кои му рекоа дека изгледа одлично и помлад од кога било не го развеселија.
Интересно е што претходно оваа година, Џорџ Клуни ја презеде заслугата за трансформацијата на имиџот на Адам Сендлер, велејќи дека тој го натерал да почне да носи одела. Сепак, и покрај ова, актерот сè уште не се чувствува удобно во такви облеки.
фото: принтскрин







