Европското првенство во фудбал, кое ќе го организираат Англија, Шкотска, Велс и Ирска во 2028 година, ќе започне со натпревар во Кардиф, додека финалето ќе се одржи на Вембли, според британските медиуми.
Северна Ирска требаше да биде домаќин на следното ЕП, но се откажа од организацијата поради недостаток на финансиски средства. За разлика од претходните европски првенства, следното ќе биде посебно бидејќи сите домаќини ќе мора да се квалификуваат за него. Доколку успеат директно во ова, ќе имаат привилегија да ги играат сите натпревари од групната фаза на своите домашни стадиони.
Исто така е познато дека четвртфиналните натпревари ќе се играат во Кардиф, Даблин, Глазгов и на Вембли во Лондон, а легендарниот лондонски стадион ќе биде домаќин на и полуфиналните натпревари.
Шампионатот сепак ќе се одржи на стадионите на Манчестер Сити, Тотенхем, Астон Вила, Евертон и Њукасл.
Ждрепката за квалификациите ќе се одржи во Белфаст на 6 декември следната година, а бранител на титулата е Шпанија, која ја победи Англија во финалето на последното првенство во Германија. Европското првенство во 2032 година ќе го организираат заеднички Италија и Турција.







