Ферстапен: Титулата ја загубивме во првиот дел од сезоната

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, признава дека минимални се шансите да ја одбрани титулата. Ферстапен има 49 поени помалку од лидерот Ландо Норис, на три трки до крајот на сезоната.

Ферстапен, вози шампионски во вториот дел оваа сезона, импресивен беше во Бразил, кога трката ја стартуваше од пит-лејнот, а ја заврши на третото место.

„Ја загубивме титулата од првата трка па сè до Зандворт (последна трка пред летната пауза)“, рече Ферстапен. Во првиот дел од сезоната возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри победија на 12 од 15-те трки, Ферстапен забележа две, а Џорџ Расел една победа.

„Тогаш имавме многу викенди каде што едноставно не бевме доволно брзи. Кога е така, разликата станува огромна. Подоцна имавме добри моменти и успеавме да вратиме дел од бодовите, но тоа не доволно“.

На три трки до крајот, Верстапен не се откажува, но признава дека ќе биде потребно вистинско чудо за да ја одбрани титулата.

Scroll to Top