Ирска, во нереален расплет во Ф групата, победи в Будимпешта со 3:2 и обезбеди место во плејофот за Светското првенство. Оваа група ја освои Португалија.
Нерешен резултат им беше доволен на Унгарците за да играа бараж за настап на Мундијалот наредното лето. Така не мислеше Трој Парот, човекот кој пред три дена со два гола им пресуди на Португалците во Даблин.
Парот стана херој на нацијата, откако со хет-трик и донесе победа на Ирска во Бдимпешта (3:2).
Првиот го постигна од пенал во 15-та минута, кога го поништи голот на Лукач во четврттата минута, вториот во 80-таа минута кога изедначи на 2:2, откако Варга во 37-та постигна спектакуларен гол за 2:1 и третиот во шестата минута од судиското надополнување на времето.
TROY PARROT AT THE DEATH FOR IRELAND!!!!!!!!pic.twitter.com/uki1KUD8ln
— Football Xtra™ (@FootballXtra0) November 16, 2025
Патем, прва во групата Ф е селекцијата на Португалија, која стигна до директен пласман на завршниот турнир. Португалија ќе игра на Светското првенство по деветти пат во историјата, а седми пат по ред.
Во последниот натпревар од квалификациската група Ф, актуелните шампиони на Лигата на нации ја декласираа Ерменија во Порто на стадионот „Драгао“ со 9:1. Доколку Кристијано Роналдо се најде на списокот на играчи за Светското првенство следната година, тоа ќе биде негов шести настап на најголемото фудбалско шоу на планетата.
Најголемиот успех на Португалија беше третото место во 1966 година, додека на Светското првенство во Германија во 2006 година, беа четврти.
Во Порто по три гола во победата постигнаа Жоао Невеш и Бруно Фернандеш, а еднаш прецизни беа Веига, Рамош и Консеисао.







