Годишните награди „Гувернерс“ се одржаа во Лос Анџелес. Многу убавици се одзваа на поканата на организаторите на настанот, а покрај моќниот стајлинг на Џенифер Лопез, големо внимание привлече и Емили Блант, чија комбинација предизвика поделени мислења.
Станува збор за црвен фустан зад кој стои големиот бренд „Скијапарели“. Оваа огнена креација е дело од колекцијата пролет/лето 2026, а е украсена со необичен и провокативен дезен, како и отворен грб.
Во долниот дел има транспарентен детаљ кој едвај го покриваше интимниот дел од телото, а ја скокоткаше имагинацијата на многумина.
Не треба да се изостави и преголемиот цвет на нејзиното рамо, кој на целиот стајлинг му даде елегантен шмек.
Емили не се двоумеше да го носи фустанот за голем настан, како што се доделувањето на наградите „Гувернерс“, а црвениот тепих го освои со грациозна прошетка.
Својот стајлинг го комплетираше со црвена чантичка, шминка во голи тонови и пунџа што го откриваше нејзиното лице.
фото: принтскрин







