Шест слободни места останаа за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. За едно од нив ќе се бори и Македонија. Нашата селекција е една од 16-те европски селекции кои ќе играат бараж во март наредната година, а само четири од нив ќе се пласираат на Мундијалот.
Последните две селекции, учеснчки на СП ќе бидат познати по одигрувањето на интерконтиненталниот бараж. Турнирот ќе се игра во Мексико, а таму ќе бидат Боливија (зона Јужна Америка), Нова Каледонија (зона Океанија), Ирак (Азија), Јамајка и Суринам (Северна и Централна Америка) и ДР Конго (зона Африка).
Каков е системот на интерконтинеталниот бараж? Од шесте репрезентации, двете најдобро рангирани според листата на ФИФА, Конго и Ирак, се директно во финалето, а преостанатите четири репрезентации ќе играат за уште две места, во полуфиналето на интерконтиненталниот плејоф.
Според сè уште неофицијални информации, сите тие натпревари треба да се играат на тлото на Северна Америка, најверојатно на два стадиони во Мексико, во март 2026 година.
Интересно е што неколку месеци пред тие дуели ќе се одржи ждрепката за Светското првенство, поточно на 5 декември во Вашингтон. Тогаш сè уште нема да бидат познати последните шест учесници на Светското првенство, два преку интерконтиненталниот бараж и четири преку европскиот.
Затоа, ФИФА ќе ги класифицира сите тие шест репрезентации во најлошиот, четврти шешир, без оглед на нивното место на ранг-листата.







