Уште еден пешак тешко повреден при удар од автомобил вчера во Скопје

Педесет и деветгодишниот А.Д. се здобил со тешки повреди, кога во него удрило „пежо“ на улицата Славка Динкова во Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 17.40 часот, а зад воланот била 51-годишната Б.П.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Само 20-на минути порано, била пријавена и сообраќајката во која пешак се здоби со тешки повреди кај гимназијата Јосип Броз Тито.

Како што претходно објави „Макфакс“, во оваа несреќа, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) удрилo во пешакот О.Д.(51), двајцата од Скопје.

И во двете несреќи извршен бил увид.

Scroll to Top