Познатиот холивудски пар, Кетрин Зета-Џонс (56) и Мајкл Даглас (81), често оставаат впечаток на еден од најсовршените парови, и иако надминале бројни љубовни пречки и тешки периоди во животот, тие се уште се вљубени денес како што беа првиот ден.
Ова го потврдуваат нивните најнови фотографии објавени на социјалните мрежи, на кои Кетрин во описот призна дека е целосно исцрпена од празничните подготовки.
„Исцрпена сум, исцрпена, мртва уморна од готвењето цел ден за Денот на благодарноста. Ќе ми треба една година да се опоравам од сè“, се пошегува Кетрин Зета-Џонс со фотографии на кои позира со својот сопруг.
Двајцата се подготвија за вечерно излегување, а познатата актерка избра кожен комплет кој совршено ѝ одговара на нејзината фигура и кој го освежи со зелена кошула, додека Мајкл носеше трендовска кафеаво-црна комбинација во форма на јакна, елегантни панталони и кошула.
Пред еден месец, тие ја прославија 25-годишнината од бракот, кога актерката се сети на тој посебен ден и објави неколку стари фотографии од нивната раскошна свадба во 2000 година во Њујорк, кратко откако го добија синот Дилан.







