(Видео) Кралицата на необичните изданија повторно шокира: Дали и ова е фустан?

Многу познати личности блеснаа на доделувањето на наградите „Готам“ во Њујорк, а покрај Џулија Робертс, која привлече внимание со својот сатенски костум, цел на модните критичари беше пејачката и претприемачка Ријана.

Ријана одлучи да облече преголем фустан за оваа пригода, поточно, подуена креација која го носи потписот на брендот „Баленсијага“. Станува збор за минималистичка тоалета во пудресто розова боја која уникатно го отсликува бунтовничкиот дух на Ријана.

За да го комплетира стајлингот, таа додаде скапа огрлица во розови и виолетови тонови, како и пердувеста шапка која дополнително го нагласуваше нејзиниот смел моден израз.

Впечатливи беа и црните кожни ракавици, кои на целиот аутфит му дадоа современа нота.

Секако, друштво на овој настан ѝ правеше нејзиниот сопруг АСАП Роки, кој носеше едноставно одело од Шанел во кафеава боја.

Scroll to Top