Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните две години и притоа укажуваат на победите на парламентарните, претседателските и локалните избори.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, оценува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поставила Македонија на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој.

Им честитам на сите членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ за навистина неверојатните достигнувања што ги постигнавте во изминатите две години. Убедлива победа на парламентарните, локалните и претседателските избори. Исто така, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој. По долги години опозиција, ВМРО сега стана една од, или можеби најуспешните, политички сили во Европа. Нема подобра препорака од самиот успех. Ви благодарам за можноста да соработувам со вашиот претседател Христијан Мицкоски, и ви препорачувам да продолжите да го поддржувате со вашата доверба кон него. Продолжете по патот на успехот. Ви посакувам многу успех во владините задачи што претстојат. Бог да ги благослови македонските патриоти“, вели Орбан.

Гунтер Крихбаум, пратеник во Бундестагот од ЦДУ и државен министер за Европа, истакна дека иднината на Македонија е во Европа.

Честитки, бидејќи не е толку својствено за една партија да го прослави овој извонреден успех. Кога ќе погледнам наназад мислам дека овој успех може да се објасни. Она што сакам да го кажам е дека сте блиску до народот, блиску сте до граѓаните, знаете што мислат граѓаните и знаете за нивните потреби и што е потребно за иднината“, кажа Крихбаум.

Според него, Христијан Мицкоски и партијата се приказна за успех и затоа им посакува, многу успех што е потребен за во иднината.

Со честитки и желби за понатамошни успеси и Андреј Пленковиќ, претседател на ХДЗ и премиер на Хрватска.

Сакам да ви посакам успех во одржување на Конгресот по толку одлични изборни победи на парламентарните ,претседателските и сега локалните избори. Повторно и да му дадам поддршка на мојот пријател Мицкоски. Се радувам на унапредување на соработката помеѓу ХДЗ и ВМРО ДПМНЕ и меѓу Хрватска и Македонија. Голема поддршка на патот за кон ЕУ“, рече Пленковиќ.

Антонио Тајани, потпретседател на Европската народна партија, претседател на Форца Италија и вицепремиер и министер за надворешни на Италија укажа дека Европската народна партија силно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е почитуван член на семејството на ЕНП, делиме исти вредности, посветеност на демократија, владеење на право, борба против корупција, слободен пазар“, посочи Тајани.

Scroll to Top