(Видео) Трансформацијата на Мелиса Мекарти по слабеењето ги воодушеви обожавателите

Актерката Мелиса Мекарти предизвика вистинска возбуда на интернет откако се појави како водителка на популарното шоу Saturday Night Live во саботата. Актерката ја покажа својата витка фигура во шоуто, што предизвика лавина од коментари и комплименти на социјалните мрежи.

По нејзиниот воведен монолог, шести по ред во комичната серија на NBC, гледачите ги преплавија социјалните мрежи со реакции на нејзината очигледна трансформација.

Еден корисник на X напиша дека Мелиса изгледала „буквално совршено за овој монолог“, додека друг ентузијастички додаде: „Мелиса Мекарти изгледа неверојатно! Тој монолог беше толку смешен“. Комплименти се појавија и на Инстаграм страницата на SNL, а обожавателите коментираа дека таа „изгледа толку одлично“, додека други истакнаа дека нејзиниот нов изглед не влијаел на нејзиното остра смисла за хумор: „Таа отсекогаш била убава и неверојатно забавна“.

Scroll to Top