Полицијата во Струмица поднесе кривична пријава против 66-годишниот В.К. од овој град поради сомнеж за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и поттикнување, како и против Д.Т. (61) од Струмица поради сомнение за помагање.
Како што соопшти полицијата, на 4 април 2025 година полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, во угостителски објект во селото Колешино, како и во објект на правно лице во негова сопственост. При претресите биле пронајдени марихуана, 140 гранки од растението канабис, семки од канабис и дигитална вага.
При претресот на објектот на правното лице, во хаварисано возило била затекната второпријавената, која, според полицијата, пакувала марихуана.







