Пешиќ би можел да се врати во Баерн

Светислав Пешиќ би можел повторно да седне на клупата на Баерн Минхен.

Легендарниот српски тренер, до неодамна селектор на српската репрезентација, се споменува како прв кандидат да го води германскиот шампион до крајот на сезоната.

Баерн го отпушти Гордон Херберт по серијата лоши резултати, а грчките медиуми пишуваат дека доколку Баварците се одлучат за привремено решение, Пешиќ има најголеми шанси. Популарниот Кари го водеше Баерн во периодот од 2012 до 2016 година.

Познато е дека српскиот стручњак поголемиот дел од времето го поминува во Минхен и многу добро ја познава ситуацијата во и околу клубот. Генерален директор на Баерн е неговиот син Марко.

Доколку Баерн одлучи да бара долгорочен тренер, како еден од кандидатите се споменува Јоанис Сферопулос, поранешниот тренер на Црвена звезда.

Foto/ shutterstock

Scroll to Top