(Фото) Изгуби 14 килограми, а потоа ги покажа мускулите: „Сакам да бидам одговорен татко и да изгледам добро“

Познатиот пејач Ед Ширан направи драстични промени во својот живот, се откажа од некои лоши навики и успеа да ослабе 14 килограми. Како што вели, сака да биде добар пример за своите ќерки.

Ед позираше за насловната страница на списанието „Men’s Health“ и откри што го натерало да се подложи на нов режим и да ослабе. Пресвртот се случил кога неговата најстара ќерка, која сега има пет години, имала само две недели.

„Мојата најдобра пријателка беше кај мене и пиевме шише вино. Си легнав, а потоа таа се разбуди по 20 минути. Се разбудив и помислив дека веројатно не треба повеќе да пијам ако ќе се чувствувам толку лошо. Сакам да можам да ги извршувам ноќните обврски со децата, да бидам одговорен татко и да изгледам добро“, рече тој.

Па наместо пиво по настап, Ед почна да вежба пилатес и трчање, а наместо да оди во пабови и кафулиња – по концерт оди директно во својата хотелска соба.

Самиот Ед Ширан сподели фотографии од себе на Инстаграм и откри некои детали од неговата трансформација во описот.

„Нешто за кое мислев дека никогаш нема да можам да го направам, но еве нè. Пред десет години пиев пиво, јадев ќебапи и пушев. Родителството ме натера да ги прекинам сите тие навики и сериозно се посветив на вежбање и умереност. Не велам дека престанав да уживам, сè уште пијам. Обожавам црвено вино, обожавам добар оброк, но не е секој ден“, напиша Ед.

Scroll to Top