(Видео) Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници“, изјави Симона Цветановски од СДСМ.

Таа вели дека според договорот што го објавиле британски медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување и дека мора да им се плаќа без разлика дали има или нема работа.

„Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите. Не, тоа не се мигранти, ова се „економски работници“. Токму затоа и го сменија Законот за странци. Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има „стратешки парнер“ секако“, рече Цветановски.

Scroll to Top