(Видео) Синот на Џон Ленон: Наследството на „Битлси“ не смее да се заборави

Шон Оно Ленон, синот на Џон Ленон и Јоко Оно, изрази загриженост дека помладите генерации би можеле да ги заборават „Битлси“ и наследството на неговиот татко. Во интервју за „Си-Би-Ес Сандеј Морнинг“, тој изјави дека чувствува должност да се грижи нивната музика и пораките за мир и љубов да продолжат да живеат, особено откако неговата мајка наполнила 92 години.

Тој призна дека порано не верувал оти вакви музички икони можат да бидат заборавени, но денес смета дека тоа е можно. Ленон истакна дека чувствува лична обврска да го чува наследството на своите родители, кое го опиша како став кон активизмот воден со хумор и љубов.

Како дел од таа мисија, Шон работел на песната „Happy Xmas (War Is Over)“. Во соработка со поранешниот аниматор на „Пиксар“, Дејв Мулинс, тој создаде краток анимиран филм „War Is Over!“, кој во 2024 година освои Оскар. „Сакав да видам дали можам да го постигнам чувството како да ја слушате песната повторно, како за првпат“, објасни тој.Приказната за Џон Ленон и Јоко Оно неодамна беше обработена и во документарецот „One to One“, а нивното наследство ќе биде прикажано и во најавениот биографски филм во четири дела на режисерот Сем Мендес, кој треба да излезе во 2028 година.

Scroll to Top