Џемперите со дијамантски или argyle дезен се вратија и некои се воодушевени, некои не, но Деми Мур дефинитивно знае како да го комбинира тоа за да изгледа совршено на секој чекор.
Славната Деми објави серија од неколку фотографии на својот Инстаграм профил, вклучувајќи една на која позира во џемпер, здолниште и модерни чизми.
„Се спремам и се појавувам“, напиша таа во описот на објавата, дури и не претпоставувајќи дека ќе врати стар тренд во нашите гардероби.
Џемперите со овој дезен беа модерни некое време, но честопати и неправедно беа резервирани само за мажи. Сега, благодарение на Деми Мур, тие го најдоа своето место на модната сцена и веројатно ќе ги преплават нашите улици во следните неколку месеци.
Добрата работа кај овие модели е што дефинитивно ќе бидат насекаде, а не мора да „фрлате“ пари на брендирани примероци, односно ќе бидат достапни за сечиј џеб, само ако знаете каде да ги барате.







