Ливерпул се соочува со сериозен проблем во нападот по повредата на Александар Исак. Повредата ги наруши плановите на тренерскиот штаб во клучниот дел од сезоната.
Шведскиот напаѓач заработи сериозна повреда, а првите проценки укажуваат дека ќе биде надвор од терените подолг временски период.
Клубот од „Енфилд“ е принуден брзо да реагира и да најде краткорочно решение кое би го покрило отсуството на Исак.
Според ексклузивни информации од Англија, Ливерпул веќе активно го истражува пазарот и ги разгледува достапните опции. Идејата е јасна, да се доведе играч кој веднаш може да игра и да му помогне на тимот без долгорочни обврски.
Во овој контекст, две имиња се издвоија како најреални опции за зимскиот преоден рок.
Првата е Мемфис Депај, искусен холандски репрезентативец кој во моментов е отворен за краткорочен ангажман.
Дополнителен плус е фактот дека Депај има добри односи со голем број играчи од соблекувалната на Ливерпул.
Второто име на листата е Александар Серлот, напаѓач на Атлетико Мадрид кој е во одлична форма.
Иако е важен дел од тимот на Диего Симеоне, Серлот се разгледува како опција за позајмица до крајот на сезоната. Ливерпул верува дека таков договор би можел да се реализира доколку финансиските и спортските услови се совпаднат.
Тренерскиот штаб сака напаѓач кој може брзо да се вклопи во системот и на крајот да ја преземе одговорноста.
Акцентот е на искуството и физичката подготвеност, со оглед на густиот распоред и борбата на неколку фронтови. Одлуката за евентуалното доаѓање на еден од овие двајца напаѓачи треба да се донесе во наредните недели.
Foto/ depositphotos







