Ди Kаприо се присети кога Бред Пит ги помешал неговите родители со статисти: „Никогаш нема да го заборавам тоа“

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо неодамна се присети на ситуација кога Бред Пит ги запознал неговите родители.

Имено, 51-годишниот актер во интервју за списанието „Тајм“ се присети на симпатичен момент од снимањето на филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, кога Бред Пит ги запознал неговиот татко Џорџ Ди Каприо и маќеата Пеги Ен Фарар.

„Мојата маќеа е следбеничка на сикизмот. Мојот татко потекнува од хипи контракултурата, израснал во Сан Франциско и Лос Анџелес и се дружел со многу луѓе од андерграунд уметничкото движење во Лос Анџелес во 1970-тите“, раскажа Ди Каприо, објаснувајќи зошто Бред Пит бил збунет кога ги сретнал неговите родители.

„Се сеќавам на моментот кога излегувавме од ресторанот Musso & Frank’s на Холивуд Булевар и му реков на Бред Пит: ‘Тоа е мојот татко, а ова е мојата маќеа’. А тој ми одговори: ‘Да, сигурно’. Јас му велам: ‘Не, навистина, тоа се тие’. А тој повторно вели: ‘Да, сигурно’“, раскажа Ди Каприо низ смеа.

Актерот потоа додаде дека е свесен оти неговите родители навистина изгледаат како статисти во филмот.

„Си помислив: ‘Знам дека изгледаат како статисти во овој филм, но тоа навистина се тие. Така се облекуваат секој ден’. Тоа беше неверојатен момент. Никогаш нема да го заборавам“, додаде Ди Каприо.

Инаку, филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ (2019) е деветтиот филм што го напиша и режираше Квентин Тарантино. Станува збор за хумористична драма сместена во Лос Анџелес во 1969 година, која претставува „љубовно писмо“ до последните моменти на златната ера на Холивуд.

Фото: Depositphotos

Scroll to Top