Уапсена актерка од серијата „Сулејман Величествениот“ во голема полициска акција во Истанбул

Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции.

Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од серијата „Сулејман Величествениот“.

Според Истанбулското јавно обвинителство, налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење наркотични и стимулативни супстанции за лична употреба.

Во истата истрага, уште две лица се уапсени под сомнение за производство и трговија со дрога, четворица поради сомнежи за поттикнување и овозможување проституција, а едно лице поради нелегално поседување оружје.

За време на претресите, полицијата запленила оружје, муниција, наркотични супстанции, опрема за консумирање дрога и фалсификувани американски долари.

Надлежните наведуваат дека истрагата се проширува и дека не се исклучени нови апсења.

Scroll to Top