Бренан Џонсон го напушти Тотенхем

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Бренан Џонсон, ќе го напушти клубот, но не и местото на живеење, потврди „Скај Спортс“.

Според овој извор, Тотенхем прифатил понуда вредна 40.000.000 евра, за напаѓачот кој не е во плановите на Томас Франк.

Џонсон оваа сезона одигра само 600 минути во Премиер лигата, најчесто влегувајќи од клупата, постигна два гола, од кои по еден во Лигата на шампионите и Лига купот.

Во споредба со минатата сезона кога одигра дури 51 натпревар во сите натпреварувања и помина над 3.000 минути на теренот, јасно е дека младиот напаѓач не можеше да биде задоволен од својот статус и логично е што реши да си замине.

Тотенхем ја прифати понудата на Кристал Палас од 40.000.000 евра. Договорот ќе биде потпишан кога Џонсон ќе го договорили финансиските услови со Палас.

Оливер Гласнер на тој начин ќе добие големо засилување во нападот, бидејќи Џонсон ќе биде опција покрај Јереми Пино, Исмаила Сара и Енкетија.

Кристал Палас се бори на неколку фронта, а главната цел е да го нападне трофејот во Конференциската лига.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top