(Видео) Мартинез сакаше да се тепа со навивачите на Арсенал, Емери не се ракуваше со Артета

Бурно беше на „Емирати“, по победата на Арсенал над Астон Вила. Лидерот победи со 4:1, ја прекина серијата на Вила од 11 победи во сите натпреварувања.

Првиот гол, во 48-та минута, го одреди текот на натрпреварот. Сега веќе заштитиниот знак на Арсенал, играта од прекин, повторно донесе резултат. Погоди Габриел, гостите бараа прекршок врз голманот Емилијано Мартинез, но за сите останати Аргентинецот направи кикс, ја испушти топката.

Инаку, Мартинез дојде во Вила токму од Арсенал, чии навивачи едвај чекаа да го провоцираат по неуспех на „Емирати“.

Тие го навредуваа додека го напушташе теренот, а инаку темпераментниот Аргентинец дури сакаше да се соочи со нив, но беше спречен поголем инцидент.

Медиумите истакнуваат дека Унаи Емери веднаш замина во соблекувалната, не се ракуваше со колегата Микел Артета.

„Едноставно е. Мојата рутина е секогаш иста и брза. Се ракувам, а потоа веднаш одам со играчите и тренерскиот штаб во соблекувалната. Чекав. Тој (Артета) славеше со своите помошници. Решив да влезам внатре. Нема проблем. Не можам да чекам засекогаш. Беше ладно“, изјави Емери за „Скај Спорт“.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top