Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите вечерва и утре и да ги окупираат централните делови на градовите.
Тој ги повика и работниците во транспортниот, нафтено-гасниот и енергетскиот сектор да организираат национален штрајк. Во пораката до демонстрантите, Пахлави ја пофали нивната „храброст и издржливост“ во изминатите денови.
„Ве молам сите вас денес и утре, сабота и недела (10 и 11 јануари), овој пат, од 18 часот, да излезете на улиците со знамиња, слики и национални симболи и да ги преземете јавните простори како свои. Нашата цел повеќе не е само да излеземе на улиците, целта е да се подготвиме за окупација на градските центри“, рече тој на социјалната мрежа X.
هممیهنان عزیزم،
شما با شجاعت و ایستادگی خود، تحسین جهانیان را برانگیختهاید. حضور دگرباره و پرشکوهتان در خیابانهای سراسر ایران در شامگاه جمعه، پاسخی دندانشکن به تهدیدهای رهبر خائن و جنایتکار جمهوری اسلامی بود. یقین دارم که او این تصاویر را از مخفیگاهش دیده و از وحشت لرزیده… pic.twitter.com/MaQDiwkXRL
— Reza Pahlavi (@PahlaviReza) January 10, 2026
Пахлави оцени дека масовното присуство на улиците ја разоткрило кршливоста на безбедносниот апарат на Исламската Република.
Додаде дека се подготвува да се врати во Иран и ќе биде со народот во она што го нарече неизбежна победа на „националната револуција“.







