Превезувал огревно дрво без документација: приведен арачиновец

Синоќа во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Б.(23) од село Арачиново. При преглед на товарно моторно возило „ивеко“ без регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека превезувал огревно дрво без соодветна дозвола. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Scroll to Top