Нигерија го освои третото место на Купот на Африканските нации. Во „малото финале“, Нигерија победи по изведувањето пенали со 4:2, откако по 90 минути игра немаше голови. Според правилата, во натпреварот за третото место не се играат продолженија, туку веднаш се изведуваат пенали.
Во првата серија, нигерискиот голман Стенли Нвабали се прослави. Нвабали е 29-годишниот голман кој игра за јужноафриканскиот Чипа Јунајтед.
Тој го одбрани ударот на Мохамед Салах, а потоа блесна и во втората серија, кога беше поуспешен и од Омар Мармуш.
Адемола Лукман го погоди решавачкиот пенал.
Утре домаќините Мароко и Сенегал ќе се борат за титулата.
Foto/ EPA







