СДСМ: Општина Кисела Вода не е расчистена, туку е блокирана од снег

Информациите изнесени во соопштението на градоначалничката на Кисела Вода се комплетно неточни. Реалната состојба на терен е сосема поинаква, реагираат од Општина Организација СДСМ Кисела Вода.

„Општина Кисела Вода не е расчистена, туку е блокирана од снег. Голем број улици се непроодни, нерасчистени и небезбедни за сообраќај и пешачење, особено во утринските часови. На терен не се забележува соодветна механизација, ниту пак континуирано фрлање сол на критичните и замрзнати точки, ниту денеска ниту во изминатите денови. Во делови од општината, граѓаните сами се снаоѓаат за да обезбедат пристап до домовите, училиштата и автобуските постојки. Тврдењата дека „сите служби се мобилизирани“ и дека „безбедноста на граѓаните е приоритет“ не кореспондираат со фактичката состојба на терен“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека улиците се лизгави и опасни, јавниот превоз се одвива со сериозни потешкотии и пристапот до градинки, училишта и другите установи е отежнат.

Scroll to Top