Грција ја декласира Италија, го освои бронзениот медал на ЕП

Грчката ватерполо репрезентација, прв пат во историјата, овои медал на европските првенства.

На шампионатот во Белград, во борбата за третото место, Грција ја победи Италија со 12:5 (5:1, 2:1, 3:2, 2:1) и со тоа го освои бронзениот медал.

Аргиропулос ги предводеше Грците до овој историски бронзен медал со четири гола, додека за Италија Фереро и Кондеми постигнаа по два гола.

Грција феноменално го започна натпреварот за третото место. Ги затвори сите приоди кон својот гол, а под водство на Аргиропулос (два), Гувексис и Какарико, стигна до 4:0.

Се очекуваше реакција на Италија во втората четвртина, но такво нешто не се случи.

Грција одигра совршен натпревар, дојде до 7:1. Во тој момент, единствената дилема беше, со колкава разлика ќе победата Грците.

Инаку, финалето е закажано за 20.30 часот, за златото ќе се борат Србија и Унгарија.

Foto/ EPA

Scroll to Top