Признанието на Бруклин Бекам покрена лавина од коментари низ целиот свет и предизвика поделби во општеството, па главното прашање е дали сте „Тим Бруклин“ или „Тим Викторија“.
Додека социјалните мрежи „дивеат“ во поддршка на нивниот „син што избегал“, остатокот од семејството Бекам се обидува да покаже дека сè е во ред. Во моментов, Викторија Бекам доби витешка титула во Париз, а како и секогаш, нејзиното семејство беше со неа.
Сите освен Бруклин…
Дејвид, исто така, се огласи по повод оваа пригода, испраќајќи ѝ на сопругата емотивна порака.
„Многу сме горди на тебе и на сè што постигна. Добивањето витешка титула од редот на уметностите и книжевноста од страна на француското Министерство за култура. Никој не го заслужува тоа повеќе од тебе. Те сакаме“, напиша Дејвид.
За време на својот говор, Викторија нагласи дека е најблагодарна на својот сопруг Дејвид и на првиот инвеститор. На семејната фотографија се појавија и девојките на Круз и Ромео, Џеки Апостел и Ким Тернбул.







