Новак Ѓоковиќ беше пред елимининација од Отвореното првенство на Австралија, губеше со 2-0 во сетови кога Лоренцо Мусети го предаде мечот.
Мусети во моментот кога го предаде мечот водеше со 6:4, 6:3, а во третиот сет Ѓоковиќ имаше предност 3.1.
Новак го изедначи успехот од минатата сезона и се искачи на третото место на ранг-листата на АТП листата.
За најголемиот на сите времиња, ова е седми пат по ред да игра во финалето на Отвореното првенство на Австралија, а вкупно 13-то во кариерата (10 титули). Севкупно, ова е неговото 54-то полуфинале на Гренд слем турнирите во кариерата.
Неговиот ривал во полуфиналето ќе биде или Јаник Синер или Бен Шелтон.
The sport we all love can be brutal sometimes… 💔
WIshing you a speedy recovery, Lorenzo 🙌@wwos • @espn • @tntsports • @wowowtennis • #AO26 pic.twitter.com/bC5wLyLrxo
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 28, 2026
Ѓоковиќ влезе добро во натпреварот, беше сигурен во своите удари и лесно стигна до 2:0, но сè брзо му се „распадна“.
Мусети не играше баш најдобро, но ги користеше подароците од другата страна на мрежата.
Италијанецот брзо од 0:2 дојде до 4:2, а потоа имаше 0:40…
Новак некако се извлече од таа ситуација, но продолжи да брза од грешка во грешка, и на крајот го заврши првиот сет со дури 15 неизнудени грешки (4:6).
Иста приказна и во вториот сет.
На почетокот од вториот сет беа видени дури три брејка, два од Мусети, а Новак брзо го зголеми бројот на неизнудени грешки на 23.
Српскиот ас ја имаше најдобрата шанса кога имаше брејк-топка на 2:3, но не успеа, му го подари гемот на противникот со грешка.
Вториот сет ја обележа драмата во последниот гем.
Мусети ја испрти топката во мрежата, 40:15 за Ѓоковиќ, сите се среќни и задоволни… Во тој момент Ѓоковиќ му призна на судијата Кјотавонг дека ја закачил мрежата. Наместо 40:15, 30:30. На крајот, Новак го загуби тој гем, беше 0-2.
Mamma miaaa 😍
Musetti with a STUNNER on the run.@wwos • @espn • @tntsports • @wowowtennis • #AO26 pic.twitter.com/aiz5cwVlco
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 28, 2026
На пауза помеѓу сетови, 10-кратниот шампион бара медицински тајм-аут поради плускавци, кога сетот започна беше видливо дека Лоренцо не може да се движи правилно.
Српскиот тенисер го користи тоа, прави брек , а потоа и го потврдува за 3:1, Музети практично куца, имашр проблем со бутниот мускул на десната нога.
И така Новак стигна до полуфиналето на Австралија Опен, а по мечот му честита на Мусети и призна дека не заслужил да игра во полуфиналето.







