Лацио го блокира трансферот на Ромањоли – Фудбалерот стапи во штрајк

Тензиите во Лацио кулминираа откако Алесио Ромањоли наводно одбил да тренира со остатокот од тимот. Искусниот дефанзивец е незадоволен, со бојкотот сака да издејствува трансфер во Ал-Сад.

„Кориере дело Спорт“, пишува дека Ромањоли, постигнал договор со Ал-Сада за договор вреден 18 милиони евра за три сезони, па дури и се збогувал со навивачите на Лацио во саботата. Сепак, наредниот ден клубот го блокираше трансферот со официјално соопштение.

Лацио веќе ги продаде Валентино Кастељанос и Матео Гендузи за време на зимскиот преоден рок, а Ромањоли наводно водел разговори со Маурицио Сари во обид да го убеди да го одобри неговото заминување.

Односите меѓу Сари и претседателот Клаудио Лотито се веќе затегнати, а тренерот, разочаран од одлуките на клубот во јануари, не сака да има никаква улога во трансферите.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top