На 31.01.2026 во 17:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-с.Ново Село, во с.Босилово, струмичко, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.И.(21) од Струмица, удрило во велосипед управуван од Ѓ.И.(71) од с.Босилово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Струмица.







