Ребека Песлер беше суспендирана по позитивниот допинг тест утврден од Антидопинг агенцијата на Италија (NADO), поради супстанцијата летрозол метаболит, кој се користи за намалување на нивото на естроген и често е присутен во терапиите за рак на дојка, пренесуваат светските медиуми.
Италијанскиот олимписки комитет потврди дека таа веднаш е исклучена од олимпискиот тим, што е првиот позитивен случај на допинг пред Игрите во Милано и Кортина.
Песлер го постигна својот најдобар резултат во 2024 година на Светското првенство во биатлон во штафетата 4×6 км, а наместо нејзиниот прв настап на Олимписките игри, таа се соочува со подолга суспензија.
Нејзиниот чичко Јохан Песлер е двократен светски шампион и освојувач на олимпискиот бронзен медал во 1988 година.
Фото: ЕПА







